Новоселски парохии

Новоселски парохии - Ново Село, Штип; “Успение на Пресвета Богородица” - (парохиска црква); ул. “Крсте Мисирков” бб; тел. 032/382-230;

Парохиски свештеници:

Свештеник Благојчо Миланов – старешина, ул. “Богомилска” бр. 7а, Штип, е- маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. тел. 032/395-787; 070/315-322, роден на 29. 06. 1980 година во Штип, каде и завршил основно образование. Средно образование завршил во МПБ во Скопје. Ракоположен во ѓаконски чин на 02. 08. 2004 година, а за свештеник на 08. 08. 2004 од Митрополитот Брегалнички г. Агатангел.

Свештеник Јовчо Ќурчински, ул. “Дузлачки рид” Штип, тел. 032/386-401, 070/309-401, роден на 28. 09. 1962 година во Орашец, каде и завршил основно образование. Средно образование завршил во МПБ во Скопје во 1982 година. Ракоположен во ѓаконски чин на 22. 05. 1988 година, а за свештеник на 01. 11. 1988 од Митрополитот Брегалнички г. Стефан.

 

“Успение на Пресвета Богородица” - Ново Село, Штип (парохиска црква); Црквата е отпочната со градба во 1836 година и завршена е во 1850 година. Изградена е од градителот Андреја Дамјанов со неговата тајфа – браќа и претставува голема трокорабна базилика со пространи галерии на катот. Иконите на иконостасот се од истиот период, изработени од зограв Станислав Доспевски, Станилов, Вангелов, Крсте зограф, Теодосие, Папрадишки, Христо од Самоков, Захарија Самоковлија, а фрескоживописот на куполите се претпоставува дека е изработен во истиот период од Ѓорѓи Дамјанов. Длаборезот на иконостасот, балдахинот, царските двери и владичкиот трон се изработени во истиот период од Никола Дамјанов. Кога и од кој архиереј е осветена нема податоци.

Манастир “Покров на Пресвета Богородица” – Ново Село, познат под името “Бабите”. Кога и од кој архиереј е осветена нема податоци.

Црква “Вознесение Христово” – Ново Село. Изградена е 1369 година од војвода Димитрие. Се наоѓа на патот Штип – Ново Село од левата страна на реката Отиња. Во 1971 година се вршени конзерваторски работи на фрескоживописот, при што е откриен живопис од 1369 година, врз кој, подоцна, односно во 1601 година е насликан нов фрескоживопис од непознат автор.

Црква “Свети Јован Крстител”. Мала еднокорабна црква, изградена високо на карпите од десната страна на патот Штип - Ново Село. Изградена и живописана е со средства на Иванко Пробиштиповиќ. Кога и од кој архиереј е осветена нема податоци.

Параклис “Свети Архангел Михаил” (Фитијата) – Штип. Изграден е лево од патот кој води од подградието кон главниот влез на тврдината Исар во 1332 година. Формата на градбата е крстообразна изградена со сиво зелен пештер и цигли со малтер, со живописни фасади и складни архитектонски форми. Во моментов црквата нема фрескоживопис, но постојат докази дека црквата била фрескоживописана. Во време на турското освојување постоела како црква, која Али Бег ја претворил во џамија, со што се уништил и фрескоживописот. Во 2000 година е направен нов иконостас од мермер и се изработени нови икони, кои се дело на зограф Перо од Скопје.

Параклис “Отсекување главата на свети Јован Крстител”. Црквата е изградена во 1970 година, во времето на Митрополитот Злетовско-струмички Наум.
Гробјанска црква “Света Троица”, изградена 1922 до 1925 кога е и осветена, не е познато од кој архиереј.  Црквата е ктиторско дело на Тодор Чепреганов од Штип.