Вести

СООПШТЕНИЕ

СООПШТЕНИЕ

Оваа година на празникот Воздвижение на чесниот и животворечки Крст Господов, во Штип имаше организирани манифестации и концерти, за кои, со жал констатиравме дека се со непригоден датум на одржување.

Уште порано, кога дознавме дека во градот се подготвуваат настани кои не се соодветни за посниот карактер на Крстовден, чувствувајќи должност да реагираме, се обративме до Општината на градот Штип со барање, да интервенираат и за планираните манифестации да бидат одредени други денови.

Од нивна страна добивме одговор дека е направен превид во планирањето и одредувањето на термините, со ветување дека наредните години ќе внимаваат и ќе го имаат предвид и црковниот календар при организирањето на такви настани.

Повеќе: СООПШТЕНИЕ

Седница на ЕУО на Брегалничката епархија

Седница на ЕУО на Брегалничката епархија

На 09. 03. 2010 година, во седиштето на Брегалничката епархија во Штип, се одржа редовна седница на Епархискиот Управен Одбор на Брегалничката епархија, со која претседаваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион.

На редовната седница се разговараше за црковно – духовниот живот и материјално – финансовото работење на епархијата.

Повеќе: Седница на ЕУО на Брегалничката епархија

Недела на Православието во Штип

Недела на Православието во Штип

На 21. 02. 2010 година, Прва Недела од Великиот Пост – Недела на Православието, св. вмч. Теодор Стратилат, св. пророк Захариј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион во сослужение на повеќе свештеници од Брегалничката епархија, во Соборниот храм Св. Николај во Штип, отсужи Света Архиерејска Василиева Литургија.

Повеќе: Недела на Православието во Штип

Тодорова Сабота во Виница

Тодорова Сабота во Виница

На 20. 02. 2010 година, Тодорова сабота, Преп. Партениј еп. Лампсакиски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од кочанското и делчевското архиерејско намесништво, во црквата Св. Архангел Михаил во Виница, отсужи Света Архиерејска Литургија во присуство на многуилјаден народ. Пред Светата Литургија Митрополитит г. Иларион го произведе во чтец богословот Дарко Гоцевски од Блатец – виничко, трета година на Богословскиот факултет во Скопје.

Повеќе: Тодорова Сабота во Виница

Прочка во Свети Николе

Прочка во Свети Николе

На 14. 02. 2010 година, Недела Сиропусна – Велики Поклади – Прочка, кога се празнуваше празникот Сретение Господово и Св. мч. Трифун, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија, во храмот Св. Николај во Свети Николе, отслужи Света Архиерејска Литургија.

Повеќе: Прочка во Свети Николе