Крстопоклона Недела во Радовиш

image

Крстопоклона Недела во Радовиш

На 19. 03. 2017 година, трета Недела од Великиот пост – Крстопоклона, Светите 42 маченици од Амореја, блажениот Јов, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од радовишкото архиерејско намесништво, во црквата посветена на „Свети пророк Илија“ во Радовиш, отслужи Света Архиерејска Василијева Литургија.

Пред почетокот на Светата Литургија, откако беше изнесен Светиот Крст на средина на црквата, Митрополитот г. Иларион Му се поклони, а по свештенослужителите пристапи и многубројниот народ да се поклонува на Светиот Крст. На Светата Литургија присуствуваше многуброен народ меѓу кои и Градоначалникот на Општина Радовиш г. Сашко Николов и Претседателот на Советот на Општина Радовиш г. Никола Миовски. На крајот од Светата Литургија Митрополитот г. Иларион произнесе пригодна беседа кон присутните верници.