Преосветување на манастирот „Св. Богородица“ во Ѓуриште – Свети Николе

image

Преосветување на манастирот „Св. Богородица“ во Ѓуриште – Свети Николе

На 15. 05. 2017 година, пренос на мошт. на св. Атанасиј Велики, св. мч – ци Борис и Галеб, во годината кога МПЦ – ОА го одбележува 50 – годишниот јубилеј од возобновената автокефалност на Охридската архиепископија како МПЦ – ОА, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од штипското ариерејско намесништво, ја преосвети манастирската црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Ѓуриште – Свети Николе и отслужи света архиерејска литургија. На крајот од светата литургија, Митрополитот г. Иларион, одржа пригодна беседа повикувајќи ги луѓето на меѓусебна Христова љубов и на сите кои допринесоа за да се преосвети

манастирската црквата им се заблагодари и им додели Благодарници и им го честита преосветувањето.