На „Св. мч. Фануриј“ литургија и камен – темелник за изградба на камбанарија при Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип

image

На „Св. мч. Фануриј“ литургија и камен – темелник за изградба на камбанарија при Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип

На 09. 09. 2016 година, препод. Пимен Велики, св. мч. Фануриј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во Соборниот храм Св. Николај во Штип, отслужи света архиерејска литургија, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија и се помоли за успех на учениците, бидејќи во градот Штип, на празникот на Светиот маченик Фануриј, храмот најмногу е посетен од учениците заедно со своите родители. На крајот од светата литургија Митрополитот г. Иларион изврши помен за мајката на Светиот маченик Фануриј. По светата литургија, Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион освети и постави камен – темелник за изградба на

камбанарија при Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип чиј што ктитор е г. Кирчо Минов со семејството од Штип. На светата литургија покрај многубројниот народ присуствуваше и Градоначалникот на Општина Штип прим. м – р Илчо Захариев.