БИБЛИОТЕКА

Св. Гаврил Лесновски

 

ПОСТАНЕТЕ И ВИЕ ДЕЛ ОД НАШАТА БИБЛИОТЕКА!

Денес, повеќе од било кога, во време кога ревноста за побожен живот ослабнува и има сѐ поголема желба за приклонување кон духот на овој свет, „кој во зло лежи“, во време кога православната младина, заталкана и без патоказ, во сѐ поголем број припаѓа кон Мајката Црква, чувствувајќи неизгаслива духовна глад и жед за спознавање на вечната Вистина и Живот, се наметнува насушната потреба верниците што подобро да ја осознаат православната вера и православниот дух преку Светото Предание и учењето на Светите Отци, како и преку животот на многу современи свети старци и подвижници, кои се особено живи примери на светост и голема духовна поткрепа за сите оние Христијани, кои сакаат да живеат вистински духовно и православно во денешните услови на отворено Богоотстапништво и Богозаборавеност.

За таа цел, Библиотеката „Св. Гаврил Лесновски“ започна со издавање и подготовка на многу светоотечки, светопреданиски и душекорисни книги, но, со оглед на тоа дека живееме во време на криза, им се обраќаме на сите оние кои се подготвени финансиски да го помогнат богоугодното дело на нашата Библиотека, помагајќи им така на многу души кои се гладни и жедни за словото Божјо, и подготвувајќи си го така за себе и за ближните патот кон вечниот живот. Однапред Ви благодариме, и ве чекаме за соработка.


ИЗДАДЕНИ КНИГИ


 

(Житие, пророштва, поуки и чуда на големиот заштитник и покровител на Руската земја, пророкот на Второто Христово доаѓање, духоносниот старец кој многу души изведе од длабочината на адот и ги изведе на патот на покајанието) 2016; стр. 232

Повеќе

(Читајќи ја оваа чудесна книга, ќе го запознаеме тесниот пат на големиот и смирен руски подвижник, кој ни се чини сосема неверојатен во наше време. Тој докажува, дека без разлика во кое време живеат луѓето, вистинското благочестие нема да згасне во темнината на општото беззаконие, бидејќи Господ до крајот на светот ќе испраќа свои светилници заради нашето спасение); 2016; стр. 216;

Повеќе
 
Молитвеник; 2007, стр. 220;
Цена: 100 ден.

Во што е спасението на христијаните? Како да се исцелиме од гревовната расипаност? Во што се пројавува Божјата промисла? Зошто се испраќаат неволји? Како да се стекнеме со смирение на духот?

Повеќе

Совети, поуки и разговори со старец Пајсиј за правилен духовен живот, борба со искушенијата и за спасението на душата во современиот свет; 2008, стр. 240;

Повеќе

Зборник – св. Јован Златоуст, св. царица-маченица Александра Романова, Старец Пајсиј Светогорец, свешт. Илија Шугајев, прот. Глеб Каледа; 2010, стр. 200;

Повеќе

Што е тоа Црква? Во што е смислата на нејзиното постоење? Зошто е потребно нејзиното посредување во општењето на човекот со Бога?; 2012, стр. 121;

Повеќе

Оваа брошура ја добивате бесплатно (на благослов) за секоја направена порачка од останатите книги;2012, стр. 17;

ДЕТСКИ МОЛИТВОСЛОВ – Расказ за молитвата
Цена: бесплатно

Зборник – св. Теофан Затворник, св. Игнатиј Брјанчанинов, преп. Макариј Оптински, преп. Амвросиј Оптински, старец Ефрем Филотејски, архимандрит Јован Крестјанкин, Архимандрит Рафаил Карелин, прот. Сергеј Филимонов; 2013, стр. 256;

Повеќе

Во што е причината што наталитетот страшно опаѓа и христијанските земји почнуваат да личат на глечери што се топат? Објаснувања и опомени за секој православен христијанин: Внимавајте, се работи за вечен живот и вечна смрт на вашите сопствени деца! 2013, стр. 184;

Повеќе

Зборник – Поуки за покајанието од Светите Отци, Архимандрит Јован Крестјанкин, Схиигумен Сава Псково-Печерски, Старец Филотеј Зервакос, Игумен Никон Воробјов, Св. Лука Војно-Јасенецки, Архимандрит Рафаил Карелин
2013, стр. 160

Повеќе

Старец Ефрем, духовен син на старец Јосиф Исихаст, обновител на општежителниот манастир Филотеј на Света Гора Атонска, еден од најголемите живи современи духовници, учител на умно-срдечната молитва и на внатрешниот пат на покајното самоспознание, во оваа книга со совети им дарува светлина на богопознанието на сите кои се жедни за Божјата вистина и правда 2013; стр. 288;

Повеќе

Поуки за верата, за довербата во Бога, за духовниот отец, за молитвата и постот кај денешните христијани, за почитувањето на светиите и за многу други основни поими од православниот духовен живот
2013; стр. 196;

Повеќе

Тешко е да ги прелажеш луѓето, кои со особено сетило ги препознаваат вистинските пастири и од сѐ срце се стремат кон оние, кои со сето свое срце се насочени кон Бога. Ова е чудесна книга за животот и поуките на еден од најревносните духовни старци во времето на најстрашната голгота за рускиот народ. Отец Сава бил сакан поради Христовата љубов којашто живеела во него, поради самопрегорното служење на ближните 2013; стр. 336;

Повеќе

Постојат повеќе причини поради кои ни се испраќаат маки и страдања. При ова не треба да се смета дека испратените страдања, несреќи и маки доаѓаат од луѓето. Сето тоа се случува со допуштение Божјо, сите крстови ни доаѓаат од Бога, Кој, колку што е бескрајно милостив, толку е и бескрајно мудар. Оваа книга, која е зборник со поуки од Светите Отци, претставува духовно богатство за сите кои го бараат патот на спасението 2013; стр. 168;

Повеќе

НАРАЧКА НА КНИГИ

Сите издадени книги можете да ги порачате на E-mail адреса:

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

со точно наведување на насловите на книгите, бројот на примероци,

и името и адресата на која сакате да ви бидат испратени.

Книгите ќе ви бидат испорачани во рок од 10 дена.

Плаќањето се врши при приемот на книгите.

 

 

За секои порачани 5 примероци од книгите – добивате 1 книга бесплатно,

за секои 10 примероци – добивате уште 2 книги бесплатно по ваш избор,

за 15 примероци – добивате уште 3 книги бесплатно по ваш избор итн.

(во порачката наведете кои книги ги сакате бесплатно, а со нив

добивате гратис и Детски молитвослов во соодветен број на примероци)

 

 

Цената на доставата на книгите до наведената адреса е:

За пратка од 1 до 4 книги (со вредност на книгите до 500 ден.) – 100 денари

За пакет до 20 примероци од книгите (со вредност над 500 ден.) – 150 денари

За пакет над 20 (до 40) примероци од книгите (до 6.000 ден.) – 180 денари

Цената на доставата е 30 денари поевтина, доколку сакате самите да си ја

подигнете пратката од подружницата на Каргото во наведениот град – во

таков случај, потребно е тоа да го наведете во порачката.

Заради полесна достава, ве молиме оставете го и вашиот телефонски број.

 

 

За порачки надвор од Р. Македонија (Европа, Сад, Канада, Австралија и др.)

обратете се со порака на E-mail адресата наведувајќи кои книги ги сакате,

во колку примероци и на која адреса надвор од Р. Македонија,

па ќе бидете известени за цената на доставата на книгите

и за начинот на плаќање и испорака на книгите.

 

 

Сите коментари, забелешки и мислења за книгите и библиотеката,

како и поплаките за евентуалното доцнење или неиспорака на книгите,

може да ги пуштите на горенаведената E-mail адреса.