Осветување на црква во с. Рудари - злетовско Општина Пробиштип

image

Осветување на црква во с. Рудари - злетовско Општина Пробиштип

На 20. 10. 2019 година, 18 – та Недела по Педесетница, св. мч - ци Сергиј и Вакх, св. мч. Полихрониј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на еромонах Исак од лесновското братство и свештеници од штипското и кочанското архиерејско намесништво, во годината кога МПЦ – ОА ја одбележува 1 150 години од упокојувањето на сесловенскиот просветител и рамноапостол, свети Кирил Солунски и 60 години од хиротонијата на блаженоупокоениот епископ Злетовско – струмички Наум – член на првиот Синод на возобновената Охридската архиепископија во лицето на МПЦ и 1 000 години Радовиш, ја освети новоизградената црква посветена на „Св. вмч. Димитриј“ во с. Рудари - злетовско Општина Пробиштип,

и отслужи Света Архиерејска Литургија. Храмот е изграден за неполни 3 месеци од месното население, со посебна љубов, сопствени средства и со личен труд, како и даренија од добронамерни луѓе, а со секојдневен надзор и грижа на Митрополитот Брегалнички г. Иларион. Истиот ден, при новоосветениот храм, Митополитот г. Иларион освети и постави камен – темелник за изградба на крштална и трпезарија./span>