Богојавление во Штип

image

Богојавление во Штип

На 19. 01. 2020 година, денот на Крштевањето на Господ Исус Христос – Богојавление – Водици, во сите храмови во Брегалничката епархија беше свечено одбележан а централната прослава се одража во Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип, каде Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници штипското архиерејско намесништво и Американско – канадската епархија, отслужи Света Василиева Архиерејска Литургија.

На Светата Литургија Митрополитот г. Иларион одржа пригодно слово, по што заедно со свештениците и многубројниот православен народ, како и Градоначалникот на Општина Штип г. Благоја Бочварски во литија, се упати кон Мостот на реката Брегалница каде изврши Голем Богојавленски водосвет и го потопи светиот крст. Најсреќен од шеесетината, крстот го фати Наум Белески, кого Митрополитот г. Иларион го дарува со Свето Писмо – Библија и икона со „Крштевањето на Господ Исус Христос“, од Општината Штип Градоначалникот му подари ваучер од 10 000 денари а од Компанијата „Зегин“ му подарија телевизор./span>