СВЕШТЕНИЦИ >

СПАСОВДЕН - преосветување на црква во с. Полаки – кочанско и камен темелник за изградба на нова црква во с. Ратавица – Злетово

Could not open a directory stream for /home/bregalnickaeparh/public_html/images/stories/polaki//

На 13. 05. 2010 година, Вознесение Христово – Спасовден, св. ап. Јаков Заведеев, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од кочанското архиерејско намесништво, изврши преосветување на манастирската црква посветена на Светото Вознесение Христово во с. Полаки – кочанско и отслужи света архиерејска литургија. На крајот од светата литургија, Митрополитот г. Иларион, одржа пригодна беседа, и додели благодарници на сите кои помогнаа да се обнови овој свет манастир и го благослови и пресече празничниот леб. На чинот на преосветувањето, покрај многубројниот православен народ, присуствуваше и Градоначалникот на Општина Кочани г. Ратко Димитров.

Истиот ден во 13 часот, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и парохискиот свештеник од Злетово, изврши осветување и поставување на камен темелник за изградба на нова црква, посветена на Св. Троица, во с. Ратавица – Злетово. На чинот на осветувањето и поставувањето на камен темелникот покрај многубројниот православен народ присуствуваше и Градоначалникот на Општина Пробиштип г. Тони Тоневски.