Осветување на параклисот посветен на „Св. Јован Крстител“ во источнот обновен конак при Лесновската обител

image

Осветување на параклисот посветен на „Св. Јован Крстител“ во источнот обновен конак при Лесновската обител

На 09. 10. 2016 година, 16 –та Недела по Педесетница, Упок. на св. ап. и ев. Јован Богослов, преп. Нил Калабриски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и еромонахот отец Исак, по повод 1100 годишнината од упокоението на најголемиот македеонски духовен великан – Свети Климент Охридски, просветител, чудотворец и основоположник на славната Охридска Архиепископија – патрон и закрилник на нашата МПЦ – ОА и 1000 години од упокоението на Свети Јован Владимир, кој маченички пострадал во Преспа, го освети новоизградениот параклис посветен на „Свети Јован Крстител“ при источниот обновен конак при манастирот „Св. Гаврил Лесновски“ во Лесново.

По осветувањето, Мирополитот Брегалнички г. Иларион, отслужи Света Архиерејска Литургија и одража пригодна беседа во која се заблагодари на сите верници кои помогнаа во изградбата на параклисот. За сите присутни, заедничка трпеза на љубовта, беше организирана од братството при Лесновскиот манастир.