Камен темелник за изградба на црква во Клиничката Болница во Штип

image

Камен темелник за изградба на црква во Клиничката Болница во Штип

На 14. 11. 2016 година, Св. бесребреници – лекари Козма и Дамјан, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Штип, освети и постави камен - темелник за изградба на нова црква посветена на „Св. врачи – лекари Козма и Дамјан“ во кругот на Клиничката Болница во Штип. На чинот на осветувањето и поставувањето на камен - темелникот присуствуваше многубројен православен народ меѓу кои и Градоначалникот на Општина Штип прим. м – р Илчо Захариев, Медицинскиот директор д – р Александар Стојановски, Организацискиот директор м – р Елизабета Папарова, Ректорот на УГД - Штип г. Блажо Боев, Донаторот на медицинска опрема г. Томас од Шведска, како и други јавни личности.

На камен – темелникот своја беседа произнесе Митрополитот Брегалнички г. Иларион за животот и лекарската дејност на Св. бесребреници – лекари Козма и Дамјан и исто така се заблагодари на Директорите, лекарите, Општината и сите кои помогнаа за денешното осветување и поставување на камен – темелникот. Свој говор одража и Медицинскиот директор д – р Александар Стојановски во кој на сите лекари, пациенти и верници Им го честита денешниот празник.