Св. архиѓакон и првомаченик Стефан во нас. Сењак во Штип

image

Св. архиѓакон и првомаченик Стефан во нас. Сењак во Штип

На 09. 01. 2017 година, на празникот на Св. архиѓаконот и првомаченикот Стефан, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Штип, во црквата посветена на „Преподобна Параскева“ во нас. Сењак во Штип, отслужи Света Архиерејска Литургија. Истиот ден, Митрополитот Брегалнички г. Иларион заедно со Митрополитот Повардарски г. Агатангел, присуствуваше на свечениот празничен ручек во архиепископската резиденција, по повод именденот на Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, а во

присуство на Претседателот на Р. Македонија г. Ѓорѓе Иванов, Претседателот на Собранието на Р. Македонија г. Трајко Велјановски и Премиерот на Р. Македонија г. Емил Димитриев.