Богојавление во Штип

image

Богојавление во Штип

На 19. 01. 2017 година, денот на Крштевањето на Господ Исус Христос – Богојавление – Водици, во сите храмови во Брегалничката епархија беше свечено одбележан а централната прослава се одража во Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип, каде Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници при Соборниот храм, отслужи Света Архиерејска Литургија. Пред Светата Литургија, Митрополитот Брегалнички г. Иларион го произведе во чтец дипломираниот богослов Миле Тошев од Штип.

На Светата Литургија Митрополитот г. Иларион одржа пригодно слово, по што заедно со свештениците и многубројниот православен народ, како и Градоначалникот на Општина Штип прим. м –р Илчо Захариев, во литија, се упати кон Мостот на реката Брегалница каде изврши Голем Богојавленски водосвет и го потопи светиот крст. Најсреќен од пеесетината, крстот го фати Трајчо Иванов, кого Митрополитот г. Иларион го дарува со Свето Писмо – Библија и икона со „Пресвета Богородица“, од Општината Штип Градоначалникот му подари таблет а од Компанијата „Зегин“ му подарија телевизор.