Богојавление во Кочани

image

Богојавление во Кочани

Истиот ден на 19. 01. 2017 година, денот на Крштевањето на Господ Исус Христос – Богојавление – Водици, во 12:00 часот на мостот на Кочанската река, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во присуство на многуброен православен народ, Градоначалникот на Општина Кочани г. Ратко Димитровски, Пратениците во Собранието на РМ, изврши Голем Богојавленски водосвет и го фрли светиот крст. Најсреќен од триесетмината, крстот го фати Мики Пецов, кого Митрополитот г. Иларион

го дарува со златен крст со ланче и многубројни награди, а Општината Кочани му подари златник со ликот на „Крштевањето на ГИХ“.