Вечерна на Свети Гаврил Лесновски во Лесново

image

Вечерна на Свети Гаврил Лесновски во Лесново

По повод Празникот на Лесновската Светиња – Свети Гаврил Лесновски, во предвечерието на празникот, на 27. 01. 2017 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион во сослужение на Архимандритот на Лесновската Обител отец Дамаскин со браќата при Лесновскиот манастир и ѓаконот Кире од Свети Николе, отслужи Празнична Вечерна Богослужба.

На вечерната богослужба на Литијните стихири се изнесе иконата на Светиот Гаврил Лесновски и потоа Митрополитот Брегалнички г. Иларион го благослови и пресече празничниот леб, по што одржа содржајна беседа.