Тодорова сабота и освет на административна зграда во Свети Николе

image

Тодорова сабота и освет на административна зграда во Свети Николе

На 04. 03. 2017 година, Тодорова сабота, Светите апостоли Архип, Филимон и Апфија, преподобен Доситеј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од штипското архиерејско намесништво, во црквата „Св. Николај“ во Свети Николе, отслужи Света Архиерејска Литургија во присуство на многуилјаден народ,

меѓу кои и Градоначалникот на Општина Свети Николе г. Зоран Тасев и ја благослови пченицата во чест на празникот - Тодорова сабота. На крајот од Светата Литургија Митрополитот г. Иларион го причести многуилјадниот православен народ со Телото и Крвта Христови и одража пригодна беседа. Истотака Митрополитот г. Иларион ја освети и новоизградената административна зграда во кругот на црквата „Св. Николај“ во Свети Николе.