Читање на Евангелието на разни јазици

image

Читање на Евангелието на разни јазици

Во Соборниот храм Свети Николај во Штип, на 16. 04. 2017 година, беше отслужена празнична вечерна со читање на Евангелието на разни јазици. Чиноначалствуваше Митрополитот Брегалнички г. Иларион. На празничната вечерна покрај многубројниот православен народ присуствуваше и Премиерот на Р. Македонија г. Емил Димитриев, Градоначалникот на Општина Штип прим. м – р Илчо Захариев и други јавни личности.

По оваа во трпезаријата при Соборниот храм за сите верници беше приреден празничен Велигденски ручек.