Воскресение – Трет ден, одликување во ставрофорско достоинство во Радовиш

image

Воскресение – Трет ден, одликување во ставрофорско достоинство во Радовиш

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион на Воскресението Христово – Трет ден (18. 04. 2017 година) отслужи света воскресенска архиерејска литургија во храмот „Св. Троица“ во Радовиш. На светата литургија, Митрополитот г. Иларион, по Негов предлог, а согласно Одлуката на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, го одликуваше, протоерејот Марјан Јанковиќ – архиерејски намесник во радовишкото намесништво, во ставрофорско достоинство и му додели граден крст.

На крајот од светата литургија Митрополитот г. Иларион произнесе пригодна беседа. На светата литургија покрај многубројниот народ присуствуваше и Градоначалникот на Општина Радовиш г. Сашко Николов, Претседателот на Советот на Општина Радовиш г. Никола Миовски, Извршниот Директор на Рудникот „Бучим“ г. Николајчо Николов и други јавни личности.