Освет на параклисот „Св. Злата Мегленска“ во нас. Три Чешми – Штип, ктиторско дело на прим. м – р Илчо Захариев

image

Освет на параклисот „Св. Злата Мегленска“ во нас. Три Чешми – Штип, ктиторско дело на прим. м – р Илчо Захариев

На 19. 04. 2017 година, Светла Недела, упокоение на св. Методиј Солунски, св. Ефтихиј Цариградски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Штип, изврши мало осветување на параклисот посветен на „Св. Злата Мегленска“ во населбата Три Чешми во Штип, ктиторско дело на прим. м – р Илчо Захариев со семејството, Градоначалник на Општина Штип.

Митрополитот Брегалнички г. Иларион, осветувањето го изврши во годината кога МПЦ – ОА го одбележува 50 годишниот јубилеј од возобновената автокефалност на Охридската архиепископија како Македонска Православна Црква – охридска архиепископија, по што одража пригодно слово и Му додели благодарница на прим. м – р Илчо Захариев со семејството за ктиторското дело.