На Источен Петок – Балаклија во Добра Вода - кочанско

image

На Источен Петок – Балаклија во Добра Вода - кочанско

На 21. 04. 2017 година - Животворен Извор на Пресвета Богородица - Источен Петок – Балаклија, св. ап. Иродион, Руф, Асинкрит, Флегонт и Ермиј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од кочанското архиерејско намесништво, во манастирот „Св. Богородица“ во месноста Добра Вода – кочанско, отслужи света воскресенска архиерејска литургија.

На крајот од светата литургија Митрополитот г. Иларион одража пригодна беседа, изврши литија околу манастирот и го благослови и пресече празничниот леб.