На „Св. вмч. Георгиј“ во Ораовица - радовишко

image

На „Св. вмч. Георгиј“ во Ораовица - радовишко

На 06. 05. 2016 година, Св. вмч. Георгиј – Ѓурѓовден и пет години од осветувањето на манастирот „Св. вмч. Георгиј“ во Ораовица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во манастирска црква „Св. вмч. Георгиј“ во с. Ораовица – радовишко, ктиторско дело на г. Николајчо Николов со семејството, во сослужение на свештеници од радовишкото архиерејско намесништво, отсужи Света Архиерејска Литургија и одража пригодна беседа. Пред светата литургиј, по повод петгодишниот јубилеј од осветувањето на манастирската црква, старешината и црковното настојателство при манастирот на Митрополитот Брегалнички г. Иларион Му подарија зелени архиерејски одежди.

После светата литургија Митрополитот Брегалнички г. Иларион освети и постави камен – темелник за изградба на нова кујна при манастирскиот комлекс. На светата литургија и камен – темелникот покрај многубројниот народ присуствуваа и Градоначалникот на Општина Радовиш г. Сашко Николов, Претседателот на Советот на Општина Радовиш г. Никола Миовски, г. Николајчо Николов, ктитор на манастирскиот комлекс Св. вмч. Георгиј – с. Ораовица како и други Јавни и Опшествени личности. После Светата