Недела на Раслабениот - литургија и ракополагање во ѓаконски чин во Штип

image

Недела на Раслабениот - литургија и ракополагање во ѓаконски чин во Штип

На 07. 05. 2017 година, Недела 4 – та на Воскресението посветена на Раслабениот, св. мч. Сава Стратилат, преп. Елисавета, преп. Тома Јуродив, во црквата посветена на „Св. Климент Охридскиот Чудотворец“ во н. Сењак во Штип, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Брегалничката и Повардарската епархија, отслужи Света Воскресенска Архиерејска Литургија. Пред Светата Литургија, Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион го произведе во ипоѓакон богословот и теолог чтец Дејан Рисафов од Штип, а на Светата Литургија го ракоположи во ѓаконски чин.

На крајот од Светата Литургија Митрополитот Брегалнички г. Иларион одража содржајна беседа.