На „Св. цар Константин и царица Елена“ во н. Балканска - Штип

image

На „Св. цар Константин и царица Елена“ во н. Балканска - Штип

На 03. 06. 2017 година, „Св. цар Константин и царица Елена“, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во црквата која е посветена токму на „Св. цар Константин и царица Елена“ во нас. Балканска – штипско, чиј ктитор е г. Ванчо Богдов со семејството и која пред две години е осветена, во сослужение на свештеници од Штип, отслужи света архиерејска литургија. На крајот од светата литургија Митрополитот г. Иларион одража пригодно слово, направи мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб.

На Архиерјската Литургија, покрај многубројниот православен народ, присуствуваше Ктиторското семејство, Градоначалникот на Општина Штип прим. м – р Илчо Захариев и Пратениците во Собрането на Р. Македонија од Штип.