Духовден 2 ден во Радовиш

image

Духовден 2 ден во Радовиш

На 05. 06. 2016 година – Духовден 2 ден, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во храмот посветен на „Св. Троица“ во Радовиш, во сослужение на свештеници од радовишкото архиерејско намесништво, отслужи света архиерејска литургија. На крајот од светата литургија, Митрополитот г. Иларион, произнесе пригодна беседа и го благослови и пресече празничниот леб.

На светата литургија присуствуваше многуброен православен верен народ како и ктиторот на храмот г. Ристо Гуштеров, Градоначалникот на Општина Радовиш г. Сашко Николов, Претседателот на Советот на Општина Радовиш г. Никола Миовски и Советници од Општината Радовиш.