Литургија и Свештеничко Епархиско Собрание во Радовиш

image

Литургија и Свештеничко Епархиско Собрание во Радовиш

На 08. 06. 2017 година, пренес. на мошт. на св. Георгиј Кратовски, св. ап – ли Карп и Алфеј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на архимандритот Дамаскин и свештеници од Брегалничката епархија, во храмот „Св. Троица“ во Радовиш, отслужи Света Архиерејска Литургија. По светата литургија во конаците при манастирот „Св. вмч. Георгиј“, кој се наоѓа над селото Ораовица - Радовиш, во присуство на целиот клир од Брегалничката епархија, се одража редовното годишно Свештеничко Епархиско Собрание,

со кое претседаваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, на кое се разговараше за црковно – духовниот живот во епархијата според Догматското и Литургиското учење на Светата Соборна Апостолска Црква. По завршувањето на Свештеничкото Епархиско Собрание, од страна на Црковното Настојателсво од с. Ораовица, беше организирана заедничка трпеза на љубовта.