Вечерна и Духовна академија во Кочани на Празникот и Заштитникот на Градот Св. ап. Петар

image

Вечерна и Духовна академија во Кочани на Празникот и Заштитникот на Градот Св. ап. Петар

На 11. 07. 2017 година, се отпочна со празнување на вечерна богослужба, во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Кочани, со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од брегалничката епархија. На вечерната богослужба на Литијните стихири се изнесе иконата на Светите апостоли Петар и Павле и потоа Митрополитот Брегалнички г. Иларион го благослови и пресече празничниот леб,

по што одража пригодно слово. Истата вечер во 19 часот во НУЦК „Бели Мугри“ во Кочани се одража Духовна академија на која свој настап имаа Црковните хорови „Св. Јован Дамаскин“ од Радовиш, хорот „Св. Лидија Македонска“ при Лесниовскиот манастир и хорот при храмот „Св. Климент и Св. Петка“ од Штип, при што помеѓу настапите на хоровите беа прочитани делови од житијата на „Светите Апостоли Петар и Павле“, а на крајот свој музички настап имаше инзворниот народен оркестар „Лупчо Сантов“ од нас. Оризари - кочанско. На академијата покрај многубројниот народ присуствуваше и Градоначалникот на Општина Кочани г. Ратко Димитровски.