Чествување на Светитот апостол Петар, Заштитник и Патрон на Кочани

image

Чествување на Светитот апостол Петар, Заштитник и Патрон на Кочани

ННа 12. 07. 2017 година на празникот на Светите апостоли Петар и Павле - Петровден, во храмот „Св. вмч Георгиј“ во Кочани, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од Брегалничката епархија, отслужи света архиерјска литургија. По светата литургија, со иконата на Светите Апостоли Петар и Павле се изврши литија од храмот Св. вмч. Георгиј до Градскиот Плоштад во Кочани,

каде Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во присуство на Градоначалникот на Општина Кочани г. Ратко Димитровски, Претседателот на Советот на Општина Кочани г. Јордан Димитров, Секретарот на Општина Кочани г. Петар Апостолов и многуброен православен народ, го благослови и пресече празничниот леб и одража пригодна беседа.