Чествување на Светитот апостол Павле, Заштитник и Патрон на Виница и поставување на камен – темелник за крстилна и канцеларии во Виница

image

Чествување на Светитот апостол Павле, Заштитник и Патрон на Виница и поставување на камен – темелник за крстилна и канцеларии во Виница

На 13. 07. 2017 година на празникот на Собор на 12 – те Апостоли - Павловден, во храмот „Св. Архангел Михаил“ во Виница, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија, отслужи света архиерјска литургија и одража пригодна беседа. По светата литургија, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, заедно со свештенослужителите, Градоначалникот на Општина Виница г. Емил Дончев и многуројниот православен народ, со иконата на Светиот апостол Павле, извршија литија од храмот „Св. Архангел Михаил“ до Градскиот Плоштад во Виница, односно до параклисот посветен на „Св. ап. Павле“,

каде го благослови и пресече празничниот леб. По ова Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во Општинската зграда, во салата за состаноци, присуствуваше на свечената седница по повод Патронот и Заштитникот на Градот Виница, каде Градоначалникот на Општина Виница г. Емил Дончев и Советот на Општината Виница на Митрополитот Брегалнички г. Иларион Му додели плакета за зачувување и ширење на Православието во Општина Виница, по што Митрополитот г. Иларион одража благодарствено слово. По ова Митрополитот Брегалнички г. Иларион освети и постави камен – темелник за изградба на крстилна и помошни простории при храмот во изградба посветен на „Св. ап. Лука“ во Виница.