Преображение во Штип

image

Преображение во Штип

На 19. 08. 2017 година, кога Светата Православна Црква го празнува Преображението на Господа Исуса Христа, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Штип, отслужи света архиерејска литургија во Соборниот храм Св. Николај во Штип. На светата литургија, Митрополитот г. Иларион, пред многубројниот народ,

произнесе пригодна празнична беседа за постот и светата тајна причест и Христовото Преображение како утеха и надеж за вечен живот, по што го благослови новиот лозов плод. На светата литургија над илјада верници пристапија кон Светата Тајна Причест.