Вечерна со Литија и Духовна Академија во Радовиш на Патронот и Заштитникот на Градот Св. мч. Спасо Радовишки

image

Вечерна со Литија и Духовна Академија во Радовиш на Патронот и Заштитникот на Градот Св. мч. Спасо Радовишки

На 20. 08. 2017 година, десета година по ред, на Патронот и Заштитникот на Градот Радовиш - Св. мч. Спасо Радовишки, од страна на неуморното Здружение на Граѓани Св. Спасо Радовишки со изготвена посебна програма за одбележување, се отпочна со празнување на вечерна богослужба, во храмот Св. Троица во Радовиш, со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија. На вечерната богослужба на Литијните стихири се изнесе иконата на Светиот маченик Спасо Радовишки и потоа Митрополитот Брегалнички г. Иларион го благослови и пресече празничниот леб.

После Вечерната богослужба, Митрополитот г. Иларион, зедно со Градоначалникот на Општина Радовиш г. Сашко Николовски, Претседателот на Советот на Општина Радовиш г. Никола Миовски, Преставниците од Советот на Општината Радовиш, Здружението на граѓани Св. Спасо Радовишки, свештенослужителите и многуројниот православен народ, со иконата на Светиот маченик Спасо Радовишки, изврши литија од храмот Св. Троица до параклисот посветен на Св. мч. Спасо Радовишки, кој се наоѓа на Градскиот Плоштад во Радовиш, каде и изврши молебен кон Св. мч. Спасо Радовишки и одража пригодно слово. Истата вечер, во дворот на храмот Света Троица во Радовиш во присуство на многуброен православен народ, ктиторот на манстирот „Св. вмч. Георгиј“ во Ораовица г. Николајчо Николов и други јавни личности, се одража духовна академија. На духовната академија, свој настап имаше црковниот хор „Св. Спасо Радовишки“ од Радовиш и свој музички концерт одража г. Драган Даутовски од Скопје.