Успение на Пресв. Богородица во М. Каменица

image

Успение на Пресв. Богородица во М. Каменица

На 28. 08. 2017 година – Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од делчевското и кочанското архиерејско намесништво, во црквата посветена на Успението на Пресвета Богородица во М. Каменица, отслужи света архиерејска литургија.

На крајот од светата литургија Митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа пригодна беседа, им го честита храмовиот празник и денот на сите рудари во М. Каменица и го благослови и пресече славскиот леб.