На Петковден, ракополагање во свештенички чин, во „Св. Петка“ во Штип

image

На Петковден, ракополагање во свештенички чин, во „Св. Петка“ во Штип

На 27. 10. 2017 година, Преподобна Параскева – Петковден, седма храмова слава од осветувањето на параклисот – крстилна посветен на Препод. Параскева во населбата Сењак 2 во Штип, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Штип, отслужи Света Архиерејска Литургија. На Светата Литургија, Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион го ракоположи во свештенички чин ѓаконот Никола Митев од Штип

и одража содражајна беседа за возвишеноста на свештеничкиот чин. На крајот од Литургијата, Митрополитот г. Иларион, одража пригодна беседа, изврши мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб.