24 – та Недела по Педесетинца и 100 – години од осветувањето на црквата „Св. вмч. Георгиј“ во Кочани

image

24 – та Недела по Педесетинца и 100 – години од осветувањето на црквата „Св. вмч. Георгиј“ во Кочани

На 19. 11. 2017 година, 24 – та Недела по Педесетница, св. Павле Цариградски, преп. Варлаам Чудотворец, во годината кога МПЦ – ОА го одбележува 50 – годишниот јубилеј од возобновената автокефалност на Охридската архиепископија како МПЦ – ОА, и 100 – години од осветувањето на храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Кочани, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од кочанското архиерејско намесништво, во црквата „Св. вмч. Георгиј“ во Кочани, отслужи Света Архиерејска Литургија и произнесе пригодна беседа.

На Светата Литургија покрај многубројниот православен народ присуствуваше и Градоначалникот на Општина Кочани г. Николчо Илијев.