Храмова слава на црквата во Виница, празничен леб на Месната Индустрија „ МИК“ од Свети Николе

image

Храмова слава на црквата во Виница, празничен леб на Месната Индустрија „ МИК“ од Свети Николе

На 21. 11. 2017 година, кога Православната црква го одбележува соборот на св. Архангел Михаил и св. Ангел Лерински, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од кочанското и делчевското архиерејско намесништво, во црквата посветена на соборот на св. Архангел Михаил во Виница, отслужи Света Архиерејска Литургија. На Светата Литургија покрај многубројниот православен народ присуствуваше Градоначалникот на Општина Виница г. Ивица Димитров и г. Горан Ангелов од Виница, ктитор и донатор на многу цркви

во Брегалничката епархија. На крајот од Светата Литургија, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, одржа пригодна беседа и го благослови и пресече празничниот леб. Истиот ден, во ресторантот „Илинден“ во с. Црнилиште - Свети Николе, Митрополитот Брегалнички г. Иларион го благослови и пресече празничниот леб и го благослови празничниот ручек на гостите и вработените на Месната Индустрија МИК од Свети Николе, кој Свети Архангел Михаил го имаат за свој патрон и заштитник.