Манастирска слава во женскиот манастир Св. Спиридон, метох на Лесновската обител

image

Манастирска слава во женскиот манастир Св. Спиридон, метох на Лесновската обител

На 25. 12. 2017 година, Св. Спиридон Чудотворец еп. Тримитунски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г.Иларион, во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин со братството и свештеници од Брегалничката епархија, во женскиот манастир посветен токму на Светиот Спиридон Чудотворец, метох на Лесновската обител, отслужи Света Архиерејска Литургија, одража пригодно слово и го благослови и пресече празничниот леб.

За сите присутни верници од рацете на монасите и монахињите беше приредена заедничка трпеза на љубовта.