Литургија во Кочани на Соборот на Пресвета Богородица

image

Литургија во Кочани на Соборот на Пресвета Богородица

На 08. 01. 2018 година, на празникот Собор на Пресвета Богородица; св. Никодим Прилепски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија, во црквата посветена на „Св. вмч. Георгиј“ во Кочани, отслужи Света Архиерејска Литургија. На Светата Литургија присуствуваа голем број верници

меѓу кои и Градоначалникот на Општина Кочани г. Николчо Илијев. На крајот од Светата Литургија Митрополитот г. Иларион, на верниците им го честита Големиот Празник – Божик со поздравот Мир Божји – Христос се Роди!