Богојавление во Кочани

image

Богојавление во Кочани

Истиот ден на 19. 01. 2018 година, денот на Крштевањето на Господ Исус Христос – Богојавление – Водици, во 12:00 часот на мостот на Кочанската река, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во присуство на многуброен православен народ, Градоначалникот на Општина Кочани г. Николчо Илијев, изврши Голем Богојавленски водосвет и го фрли светиот крст. Најсреќен од четриесетмината, крстот го фати Александар Стојанов, кого Митрополитот г. Иларион го дарува

со Свето Писмо - Библија и многубројни награди, Општината Кочани му подари златник со ликот на „Крштевањето на ГИХ“, а од Компанијата „Зегин“ му подарија телевизор.