Осветување на црква во с. Стамер - Општина Делчево

image

Осветување на црква во с. Стамер - Општина Делчево

На 13. 05. 2018 година, 6 –та Недела по Воскресението Христово, посветена на Слепиот, св. ап. Јаков Заведеев, св. Игнатиј Брјанчанинов, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од делчевското архиерејско намесништво, во годината кога МПЦ – ОА ја одбележува 1 000 годишнината на Охридската архиепископија, како и Јубилејот 60 години од возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ, ја освети новоизградената прва црква посветена на „Свети пророк Еремија“ во с. Стамер – Општина Делчево,

и отслужи Света Архиерејска Литургија. Храмот е изграден со средства од месното население. За оваа големо Нивно залагање, Брегалничката епархија, односно Митрополитот Брегалнички г. Иларион, им додели Благодарници и на сите помагатели и дарители им се заблагодари за несебичната помош на овој прекрасен Православен Македонски Божји бисер.