Чествување на Светитот маченик Спасо Радовишки, Заштитник и Патрон на Радовиш

image

Чествување на Светитот маченик Спасо Радовишки, Заштитник и Патрон на Радовиш

На 21. 08. 2018 година, празникот на Светиот маченик Спасо Радовишки, во храмот Св. Троица во Радовиш, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од Брегалничката епархија, во присуство на многуброен православен народ, Градоначалникот на Општина Радовиш г. Герасим Конзулов, ктиторот на манстирот „Св. вмч. Георгиј“ во Ораовица г. Николајчо Николов и други јавни личности, отслужи света архиерјска литургија, одража пригодна беседа и го благослови и пресече празничниот леб.

По ова Митрополитот Брегалнички г. Иларион го посети манастирот посветен на Св. вмч. Георгиј во с. Ораовица – Радовиш, каде и присуствуваше на заедничката празнична трпеза на љубовта по повод Патронот и Заштитникот на Градот Радовиш Св. мч. Спасо Радовишки.