Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица во М. Каменица

image

Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица во М. Каменица

На 28. 08. 2018 година – Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од делчевското и кочанското архиерејско намесништво, во црквата посветена на Успението на Пресвета Богородица во М. Каменица, отслужи света архиерејска литургија. Пред светата литургија, Митрополитот г. Иларион, го произведе во чтец богословот Михаил Јанѓеловски од М. Каменица.

На светата литургија покрај многубројниот православен народ присуствуваше и Градоначалникот на Општина М. Каменица г – ѓа Соња Стаменкова. На крајот од светата литургија Митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа пригодна беседа, им го честита храмовиот празник и денот на сите рудари во М. Каменица и го благослови и пресече славскиот леб.