15 – та Недела по Педесетница - „Св. мч. Фануриј“ во Штип

image

15 – та Недела по Педесетница - „Св. мч. Фануриј“ во Штип

На 09. 09. 2018 година, 15 – та Недела по Педесетница, препод. Пимен Велики, св. мч. Фануриј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во Соборниот храм Св. Николај во Штип, отслужи света архиерејска литургија, во сослужение на свештеници од Брегалничката и Повардарската епархија и се помолија за успех на учениците, бидејќи во градот Штип, на празникот на Светиот маченик Фануриј, храмот најмногу е посетен од учениците заедно со своите родители.

Митрополитот Повардарски г. Агатангел одража пригодна беседа, а Митрополитот Брегалнички г. Иларион братски Му се заблагодари, на Митрополитот г. Агатангел, за зедничкото сослужување во Брегалничката епархија. На крајот од светата литургија Митрополитите г. Агатангел и г. Иларион извршија помен за мајката на Светиот маченик Фануриј.