Прославен празникот Петковден при параклисот посветен на „Преподобната Параскева“, на бензинската „ЕкоОил“ во с. Тркање - Кочани

image

Прославен празникот Петковден при параклисот посветен на „Преподобната Параскева“, на бензинската „ЕкоОил“ во с. Тркање - Кочани

На 27. 10. 2018 година, на Преподобната Параскева – Петковден, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, по покана на сопственикот на бензиската пумпа „ЕкоОил“ во с. Тркање - Кочани и сопственик на фабриката “Ледер“ од Кочани г. Драгослав Здравков – Драги Ледер од Кочани, а во присутво на многуброен православен народ, во кругот на бензинската „ЕкоОил“ во с. Тркање - Кочани, каде и се наоѓа парклисот посветен на „Преподобната Параскева“, го благослови и пресече празничниот леб

и Им го честита Патрониот Празник на сопственикот и вработените во бензинската „ЕкоОил“ во с. Тркање – Кочани. По повод празникот, г. Драгослав Здравков – Драги Ледер од Кочани, Му подари мало облекување на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион.