Чествување на Светиот Николај, Патрон и Заштитник на градот Штип

image

Чествување на Светиот Николај, Патрон и Заштитник на градот Штип

На 19. 12. 2018 година, на празникот на Светиот Николај Чудотворец – архиепископ на Ликискиот град Мир, во Соборниот храм Св. Николај во Штип, кој е Патрон и Заштитник на градот Штип и Брегалничката епархија, Неговото Блаженство Митрополитот Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г. г. Стефан, заедно со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од МПЦ - ОА, отслужи Света Архиерејска Литургија и одража содражајна пригодна беседа. На светата литургија присуствуваше многуброен православен народ кој со искрена вера дојде да се помоли и поклони пред моштите на Светиот Николај Чудотворец кои беа донесени од манастирот Св. Гаврил Лесновски во Лесново на поклонение во Штип.

По празнично слово, Мирополитот Брегалнички г. Иларион, заедно со Градоначалникот на Општина Штип г. Благоја Бочварски, свештенослужителите и многубројниот православен народ, изврши Литија од Соборниот храм Св. Николај до Градскиот Плоштад во Штип, каде го благослови и пресече славскиот колач, по што надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион одража пригодна беседа. Истотака свој говор имаше и Градоначалникот на Општина Штип г. Благоја Бочварски кој на сите граѓани Им го честита Патронот и Заштитникот на градот Штип.