Св. архиѓакон и првомаченик Стефан во Радовиш

image

Св. архиѓакон и првомаченик Стефан во Радовиш

На 09. 01. 2019 година, на празникот на Св. архиѓаконот и првомаченикот Стефан, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од радовишкото архиерејско намесништво, во црквата посветена на „Св. пр. Илија“ во Радовиш, отслужи Света Архиерејска Литургија. На крајот од светата литургија Митрополитот г. Иларион произнесе содражајна и поучна беседа. Истиот ден, Митрополитот Брегалнички г. Иларион заедно со Митрополитот Тетовско - гостиварски г. Јосиф, присуствуваше на свечениот празничен ручек во архиепископската резиденција, по повод именденот на Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија,

Неговото Блаженство Митрополитот Скопски, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г. г. Стефан, а во присуство на Претседателот на Собранието на Р. Македонија г. Талат Џафери и Министерот за Внатрешни работи на Р. Македонија г. Оливер Спасов.