Богојавление во Кочани

image

Богојавление во Кочани

Истиот ден на 19. 01. 2019 година, денот на Крштевањето на Господ Исус Христос – Богојавление – Водици, во 12:00 часот на мостот на Кочанската река, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во присуство на многуброен православен народ, Градоначалникот на Општина Кочани г. Николчо Илијев и Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), г. Даријан Сотировски, изврши Голем Богојавленски водосвет и го фрли светиот крст.

. Најсреќен од четриесетмината, крстот го фати Ристе Ристов, кого Митрополитот г. Иларион го дарува со Свето Писмо - Библија и многубројни награди, Општината Кочани му подари златник со ликот на „Крштевањето на ГИХ“, а од Компанијата „Зегин“ му подарија телевизор.