Крстопоклона Недела во Радовиш

image

Крстопоклона Недела во Радовиш

На 31. 03. 2019 година, трета Недела од Великиот пост – Крстопоклона, Св. Кирил архиепископ Ерусалимски, св. Анин Чудотворец, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од радовишкото архиерејско намесништво, во црквата посветена на „Свети пророк Илија“ во Радовиш, отслужи Света Архиерејска Василијева Литургија.

Пред почетокот на Светата Литургија, откако беше изнесен Светиот Крст на средина на црквата, Митрополитот г. Иларион Му се поклони, а по свештенослужителите пристапи и многубројниот народ да се поклонува на Светиот Крст. Истотака, пред Светата Литургија, Митрополитот Брегалнички г. Иларион го произведе во чтец г. Љупчо Петревски од Радовиш. На крајот од Светата Литургија Митрополитот г. Иларион произнесе пригодна беседа кон присутните верници.