Цветници во Виница

image

Цветници во Виница

На 21. 04. 2019 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, на празникот Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, отслужи Света Архиерејска Златоустова Литургија во храмот „Св. ап. и еванг. Лука“ во Виница, во присуство на многуброен верен народ а во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија. Пред Светата Литургија, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, го произведе во чтец богословот Јаков Ангелов од Виница.

На крајот од Светата Литургија Митрополитот Брегалнички г. Иларион одража пригодно содражајно слово. На Светата Литургија присуствуваше г. Горан Ангелов од Виница, ктитор и донатор на многу цркви во Брегалничката епархија и храмот „Св. ап. и еванг. Лука“ во Виница.