На Источен Петок – Балаклија во Добра Вода - кочанско

image

На Источен Петок – Балаклија во Добра Вода - кочанско

На 13. 04. 2018 година - Животворен Извор на Пресвета Богородица - Источен Петок – Балаклија, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од кочанското архиерејско намесништво, во манастирот „Св. Богородица“ во месноста Добра Вода – кочанско, отслужи света воскресенска архиерејска литургија.

На Светата Литургија покрај многубројниот народ присуствуваше и Министерот за Земјоделие, Шумарство и Водостопанство при Владата на РМ г. Љупчо Николовски, Заменик Министер за Локална Самоуправа г. Дејан Павлески и Градоначалникот на Општина Кочани г. Николчо Илијев. На крајот од светата литургија Митрополитот г. Иларион одража пригодна беседа, изврши литија околу манастирот и го благослови и пресече празничниот леб.