Монашење во Лесновската Обител

image

Монашење во Лесновската Обител

На 27. 05. 2019 година, на денот на канонизацијата на Св. Гаврил Епископ Велички Светогорец, св. Ахил Преспански, преп. Пахомиј Велики, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, на вечерната богослужба во манастирот Св. Гаврил Лесновски во Лесново, расофорните монаси Герасим (Ѓорѓиев) и Митрофан (Ристовски), ги потстрижа и замонаши во мала схима и им посака голем подвиг за да ги пазат Каноните на Светата Православна Црква според учењето на Светите Отци,

и предавајќи му ги на духониот старец Му рече на Архимандритот на Лесновската Обител отец Дамаскин пази ги и чувај ги водејќи ги по трнливиот монашки пат кон вечноста и поучувајќи ги во маншкиот живот за се она што препорачуваат Светите Отци.