Вечерна на „Св. цар Константин и царица Елена“ во н. Балканска - Штип

image

Вечерна на „Св. цар Константин и царица Елена“ во н. Балканска - Штип

На 02. 06. 2019 година, „Св. цар Константин и царица Елена“, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во црквата која е посветена токму на „Св. цар Константин и царица Елена“ во нас. Балканска – штипско, чиј ктитор е г. Ванчо Богдов со семејството и која пред четири години е осветена, во сослужение на свештеници од Штип, отслужи Празнична Вечерна Богослужба, одража пригодна беседа и го благослови празничниот леб.

На Вечерната Богослужба, покрај многубројниот православен народ, присуствуваше и Ктиторското семејство./span>